Неверување, голема болка и неизмерна тага предизвика информацијата за трагичната смрт на 15-годишниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Филип Сотиров.
Филип Сотиров, еден од најталентираните и најперспективните играчи во Македонија, репрезентативец во младинските категории и член на Партизан Водно Санс, почина во саботата на свои само 15 години. Загубата е ненадоместлива. Смртта на Сотиров предизвика шок, голема тага и силна болка кај сите нас на овој црн ден за македонската кошарка.
Македонската Кошаркарска Федерација сочувствува со фамилијата и најблиските на Филип Сотиров. Погребот ќе се одржи во понеделник на Градските гробишта Бутел со почеток во 12:30 часот.
Нека почива во мир.