Одржан промотивен настан за почеток на проектот „Поддршка во борбата против непријавената работа”. Овој проект е финансиран од Инструментот на предпристапна помош (ИПА), Компонента IV „Развој на човечки ресурси 2007-2013„. Проектот е со времетраење од 24 месеци (Мај 2014-Мај 2016) и со буџет од 1.155.550 евра.
Главни корисници на овој проект се Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Државниот инспекторат за труд (ДИТ).
Основната цел на овој проект е да се зајакнат напорите од различните национални актери вклучени во борбата против непријавената работа и со тоа да се придонесе во намалување на нивото на неформалното вработување. Проектот има три главни компоненти: Компонента 1: Спроведување на истражување на тема непријавена работа; Компонента 2: Зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за труд и останатите релевантни институции; Компонента 3: Вклучување на социјалните партнери во намалувањето на бројот на луѓе кои се вклучени во непријавената работа.
Со нивно имплементирање се очекува да се подобри ефикасноста и ефективноста на борбата против непријавената работа во земјата преку зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за труд и преку подобрување на систематизирано и координирано вклучување на релевантните институционални актери и социјални партнери во борбата против непријавената работа.