Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НВО „Светла иднина 2009“ и НВО „Подобар живот“

Невладината организација „Светла иднина 2009“ и НВО „Подобар живот“, денес потпишаа Меморандум за соработка. Целта на ова здружување како што беше истакнато на денешната прес-конференција е меѓусебна соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи, социјалните и хуманитарните права.

„Посебен акцент на оваа соработка се ранливите категории на граѓани, без разлика на етничката припадност, нивната интеграција со посебен осврт на припадниците на етничката заедница Египќани. НВО „Светла иднина 2009“ и НВО „Подобар живот“ се согласни како акт на добра волја поради исклучителен придонес кон развојот на мултиетничката демократија во Охрид, афирмација на етничката заедница Египќани, градоначалникот д-р Никола Бакрачески да се прогласи за почесен член на коалицијата на горенаведените НВО организации. Овој Меморандум за соработка влегува во сила со денот на неговото склучување.“ – истакна Демир Далип, в.д. претседател на НВО „Светла иднина 2009“.

MemorandumEgipkani03

На средбата беше истакнато дека, НВО „Светла иднина 2009“ и НВО „Подобар живот“ се согласни лицето Демир Далип да ги застапува заедничките ставови на оваа НВО коалиција како функционер, овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка, додека пак Демир Демироски да се прогласи за национален координатор на невладините организации во Р.Македонија.

„Египќаните со помош и поддршка на градоначалникот Бакрачески, а исто така и со поддршка на премиерот и претседателот на Р.Македонија, ќе дадеме се од себе Египќаните да бидат нераскинлив дел од мултиетничката Македонија. Египќаните се здружуваат за никој да не ги раздели, а на тој начин сум длабоко сум убеден дека ќе ги реализираме нашите уставно загарантирани права и слободи. Египќаните немаат резервна татковина, Македонија е нивната татковина, а за тоа говори и нашата лојалност кон Р.Македонија.“ – рече Демир Демироски, национален координатор на Египќаните.

MemorandumEgipkani01

Со цел да им се помогне на децата од социјално ранливите категории, д-р Ана Тасеска истакна дека ќе врши бесплатни стоматолошки прегледи во амбулантата Воска.

„Јас како доктор – стоматолог, спремна сум да помогнам на социјално ранливите категории, пред се на децата од предшколска возраст и се надевам на поддршка од Локалната самоуправа и на градоначалникот кој што е докажан хуманист и доктор.“ – рече Тасеска.

WebOhrid