Портпаролот на противтерористичките сили на Ирак, Сабах ел Нуаман, соопштил дека ирачкиот авион гаѓал група сунитски екстремисти кои се обиделе да ја превземат најголемата ирачка нафтена рафинерија и дека во тој напад биле убиени околу 30 ектремисти.
Според неговите зборови, во петок наутро биле бомбардирани осум возила кои се користени во нападот на воените сили кои ја бранеле нафтената рафинерија Беиџи северно од Багдад.
Припадници на екстремистичката група Исламска Држава (до неодамна позната под името Исламска држава на Ирак и Левант) веќе две недели се обидуваат да ја превземат рафинеријата.
Ел Нуаман исто така соопштил дека со оружјето од хеликоптер е погодена куќа во градот Каиму, на дофат на границата со Сирија, каде што се одржувал состанок на локалните лидери на џихадистичките групи.
Тој рекол дека во тој напад имало неколку жртви, но немало никакви конкретни податоци.
Извор: Нет Прес