Во рамките на своите активности и програма за работа, Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици на неколку критични кртосници во градот постави сферни огледала, за полесно и побезбедно одвивање на сообраќајот. За жал, само неколку денови одкога беа поставени, несовесни поединци целосно или делумно оштетиле поголем дел од нив. Едно сферно огледало чини од 12 до 15 илјади денари, а се плаќа од сите граѓани на Охрид.
Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, апелираат за совесно и цивилизирано однесување, со што ќе имаме поголема безбедност во одвивањето на сообраќајот во градот.