Полициски хеликоптер се урна вечерва во близина на Струмица. Точниот број на патници во хеликоптерот не се знае, но според неофицијални информации загинале две или четири лица.
Противпожарните екипи ги гаснат остатоците од хеликоптерот, а увидот уште е во тек. Според првичните информации од очевидци на терен, хеликоптерот најверојатно закачил предавателски антени во близина на Кванташкиот пазар во Струмица.
Хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица.
Извор: Нет Прес