Најмалку едно лице загина вчера од удар на гром во националниот парк Роки Маунтаин во Колорадо, еден ден откако една жена настрада на ист начин.
Од Националниот парк соопштија дека громот удрил во 4 лица кои веднаш биле префрлени во болница, каде подоцна поради здобиените повреди починало едно 52-годишно лице.
Тие исто така соопштија дека еден ден пред тоа една жена го изгубила животот при удар на гром, додека пак повредени биле 7 лица.