Во недела ќе биде отворена ликовната изложба „Исчезнатиот Охрид” од Славко Упевче

Во куќата на Уранија, Охрид, во недела на 20 јули, со почеток во 20.00 часот, по повод 45 годишнина од творештвото свечено ќе биде отворена ликовната изложба  „Исчезнатиот Охрид”  на академскиот сликар Славко Упевче.

Изложбата ќе ја отвори академик Васко Ташковски. Инаку изложбата ќе трае до 25 јули.