ЈП „Охридски Комуналец“ го заврши хортикултурното уредување на бетонската жардињера на ул. „Железничка„, по целата нејзина должина , на потегот од кружниот тек на ул. „15-ти Корпус„ до сообраќајната клучка на влезот во Охрид. Поради големата должина на сообраќајниоцата, активностите се изведуваа етапно и синхронизирано во соработка со другите јавни претпријатија во општина Охрид. Во првата фаза бетонската жардињера беше исполнета со земја и беше поставен систем за наводнување. Реализацијата на втората фаза започна со дополнување на жардињерата со површински слој од плодна хумусна земја, а потоа се засадија 3,000 декоративни зимзелени грмушки од видовите: пироканта, прунус, лоницера, котонастер, пиреа и др.
По повод претстојниот турнир во одбојка кој ќе се одржува во Охрид во близина на езерската полиција темелно се расчисти просторот околу игралиштето на песок и скејт-паркот.
По барање на МЗ од Косел се искоси просторот околу пристапните улици во ова село и патот кој води до црквата „Св.Илија“.