Камерното дуо „Кадеша“ од Албанија што го сочинуваат искусниот виолинист Јонијан Алијас Кадеша и помладиот пијанист Флоријан Глемсер, вечерва на „Охридско лето“ ги донесоа најпознатите композиции на светски познатите класичари.
Во црквата „Света Софија“ која има совршена акустика и е одлично место за практицирање, но и конзумирање класична музика, младите музичари ја воодушевија публиката на фестивалот.
И двајцата музичари се образувале во познатите европски музички академии, а нивното „мајсторство“ на музичките инструменти виолина и пијано е заслужно за нивните настапи на европската сцена заедно со реномирани камерни состави и светски познати диригенти.
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ секоја година им приредува вистинско и незаборавно доживување на љубителите на класиката носејќи уметници кои се веќе се докажани и барани на меѓународната сцена.