Бандери без дозвола со години стојат во општинскиот двор

Додека јавноста во Охрид се уштe зборува за скандалозниот инцидент кој се случи кога цистерна се заплетка во кабли и урна седум бандери, во дворот на Општина Охрид стојат две дрвени бандери кои се натежнати од кабли.

Бандерите се дивоградби и нелегални, а уште повеќе зачудува фактот што никој од Локалната не знае да одговори дали телекомуникациските оператори плаќаат барем наем за користиење на општинскиот двор.

DSC_0039-2

Јавноста прашува – ќе стави ли Општина Охрид ред со бандерите и ќе го реши ли овој проблем? За потоа како пример и другите да го сторат тоа.

OPSTINA-1