Утре јавен протест пред зградата на Министерствотото за образование и наука

Врз основа на член 8 и член 50 од Статутот на СОНК , Советот и Претседателството на СОНК , на вонредната седница одржана на 25-07-2014 година ја донесе следнава

О Д Л У К А
за организирање на Јавен протест

1. Во знак на револт поради инертен и игнорантски однос на надлежните државни органи во делот на образованието, науката и културата, неконструктивен и бесплоден социјален дијалог и заради создадени исклучително сложени состојби и посебни случаи без преседан, Советот и Претседателството одлучија членовите на СОНК да организираат Јавен протест, со цел итно да се надминат наведените состојби.

2. Јавниот протест ќе се одржи пред зградата на Министерството за образование и наука на Р.М. на 1-ви август ( петок ) со почеток во 11:55 минути.

3. Се задолжуваат Регионалните одбори на СОНК веднаш да започнат потребни активности за успешно одржување на Јавниот протест, според Упатство што ќе биде изготвено како дел од оваа Одлука.

4. Се задолжува Претседателството на СОНК, во својство на координативно тело ,да ги преземе сите неопходни мерки за обезбедување на максимални услови за навремено организирање и успешно реализирање на Јавниот протест.

5. Синдикалните организации на СОНК, согласно надлежностите со Статутот на СОНК, да ги преземат сите активности и да обезбедат секој член на СОНК да учествува на јавниот протест, со исклучок само на членовите кои од било кои објективни причини ќе бидат спречени да учествуваат на протестот.

6. Се задолжуваат Претседателите на Регионалните одбори на СОНК континуирано да доставуваат информации за активностите кои се превземаат и за евентуални проблеми за кои ќе оценат дека за нивното решавање треба да се вклучат највисоките органи на СОНК.

7. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.