Видео снимка која е направена во една детска градинка во Романија ја потресе јавноста. На видеото се гледа како воспитувачките ги удираат, ги туркаат и влечат децата…
Безбедносните камери биле вклучувани од 9 часот наутро до пладне, со цел родителите да можат да ги гледаат децата додека си играат. Сепак, некој од родителите се најавил на системот после пладне и видел дека камерите се сеуште уклучени.
Но, глетката која ја видел била страшно вознемирувачка.
Воспитувачките во сокот на дечињата им ставале црно вино за да заспијат побрзо, а ги буделе со кафе пред да дојдат да ги земат нивните родители.
Тие дури и ги удирале, влечеле, туркале кога дечињата одбивале да си легнат.
Ако не направиш како што ти наредив, ќе те удрам по главата! Оди спиј или ќе те исфрлам надвор на ладно и ќе те претепам, со овие зборови една од воспитувачките му се заканила на едно од дечињата, а сето тоа е снимено со камерите.
Родителите претходно забележувале модринки по телата на децата, но воспитувачките од градинката ги убедувале дека тие се здобиени од меѓусебните тепачки помеѓу децата.
Извор: Нет Прес