Меѓународна илинденска едриличарска регата

Во деновите 2-ри и 3-ти Август, во организација на Едриличарски клуб Бофор, Едриличарска Федерација на Македонија и АМС, во водите на Охридско езеро се одржа 46 меѓународна илинденска едриличарска регата на која зедоа учество едриличари од Албанија, Македонија и Швајцарија.

„Условите за едрење беа поволни, свое присуство имаа и претставниците на Капетанија на пристанистата Охрид како и спасители од Црвен Крст Охрид.“- вели Стефан Ставрев од ЕК Бофор Охрид.

Еве ги финалните резултати:

класа Оптимист

-генерален пласман
1.Стефан Негриески-Снегар Струга
2.Игор Каневче-Бофор-Охрид
3.Илија Јовчески-Снегар Струга

-девојки
1.Јана Гаџовска-Бофор Охрид
2.Иселда Царкањи-Јачт клуб Албаниа-Драч
3.Меган Исмаили-Јачт клуб Албаниа-Драч

-до 12 години
1.Стефан Негриески Снегар Струга
2.Јана гадјовска Бофор Охрид
3.Виктор Серсик Бофор Охрид

класа Ласер 4.7
1.Златко Златески Снегар Струга
2.Кристијан Дуноски Снегар Струга
3.Александра Златеска Снегар Струга

класа Минитонец
1.екипаж Вико-Бофор Охрид
2.екипаж Милка -Бофор Охрид
3.екипаж Кавај-Сирма Струга.