Четврти државен рекорд на Ана Богдановски за само три дена

За само три дена македонската пливачка Анастасија Богдановски четири пати соборува национални рекорди на Македонија на Првенството на Мериленд во долги базени, што се одржува во Сент Морис, САД. Вчера утро, во третиот ден на митингот, Ана постави нов државен рекорд, освојувајќи го првото место и златниот медал во трката на 100 метри грбно, со време од 1:05,46 минути, што е за една секунда и 36 стотинки подобар резултат од нејзиниот претходен рекорд, постигнат пред еден месец во Балтимор, САД.

Претходно, Богдановски ги подобруваше сопствените најдобри времиња на патеките од 100 метри – двапати и на 200 метри слободно. Таа оствари и норма за Светското првенство во Казан 2015 година

Богдановски на ова првенство вечерва ќе плива уште во дисциплината 50 метри слободно.