Министерството за финансии исплати 89,2 милиони денари субвенции на 842 земјоделци за поддршка на две мерки во сточарството.
Од нив 81,4 милиони денари се исплатени на 563 земјоделци за обележани грла овци, а 7,8 милиони денари на 279 земјоделци за одбележани грла кози.
Поединечно мерката и за овци и за кози изнесува по 1.000 денари по обележано грло.
Преку исплата на субвенции Министерството за финансии и Владата на Република Македонија продолжуваат со поддршка на земјоделството како една од носечките гранки во економијата.