Пречек на освојувачот на врвот-К2 планинарот Здравко Дејановиќ

Представници од Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на планинарски спортови, денеска на Аеродромот-”Александар Велики” во Скопје, свечено го пречекаа нашиот планинар Здравко Дејановиќ кој го освои еден од најтешките врвови на планетата, врвот К2. Пред претставниците на медиумите и другите присутни кој го пречекаа херојот од К2, Здравко Дејановиќ даде изјава со која го опиша неговит личен и национален подвиг, искачувајќи го врвот К2.

Здравко Дејановиќ во мај 2010 година се искачи на Монт Еверест, но ова година на 27јули, го искачи потешкиот врв кон највисоката планина на светот. Со овој подвиг се стекна со титула- прв планинар од Македонија што го освои овој врв и со тоа постигна најголем дострел во високогорството во Македонија.

Хималајскиот врв К2 е со височина 8,611м и е втор по височина врв на планетава. Се наоѓа во Пакистан и е еден од најризичните и најпопасните врвови за искачување во светот, токму поради тешката конфигурација на теренот и со конфигурација на смеровите кои се со стрмност во просек од 70 степени со снежни и ледени лавини.

Од првото искачување 1956 година па до денес, врвот е искачен од 300 планинари што по Анапурна 1, го прави втор најмалку искачуван врв во светот.