По повод 12-ти август, Меѓународниот ден на младите, Советот на млади при Општина Охрид, утре со почеток во 12 часот ќе одржи свечена седница. На средбата меѓу другото, членовите на Советот ќе ја разгледуваат информацијата за прибирање нови членови во ова локално тело, изработка на квартален план за активности на советот, а ќе дискутираат и околу „Урбаниот ѕид“ што е проект на Владата на Република Македонија.