Утревечер , со почеток во 20.30 часот во атарот на с. Велгошти (црква св.Петка) ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго”.
Според програмата предвидено е полагање на цвеќе пред споменикот на Живко Чинго по што се очекува обраќање на претставник од општина Охрид. По традиција ќе се одржи и Беседа за писателот а потоа ќе биде и врачувањето на наградата за најдобар расказ, што општина Охрид ја додели по претходно распишан конкурс. Манифестацијата ќе биде заокружена со Културно –уметничка програма.
Годинешната „ Вечер на Живко Чинго“ е 27-ма по ред.