Неколку најзначајни дела во историјата на музиката преку вештите раце на Лекрел и Котино-Коен

Во прекрасниот и акустичен амбиент на црквата „Света Софија“ со звуците на пијаното синоќа се одржа Француската вечер на фестивалот „Охридско лето“, традиционално поддржана од Охридска банка Societe Generale Group и Францускиот институт во Скопје.

На фестивалската програма настапија врвните пијанисти од Франција Иг Леклер и Елен Котино-Коен.

Француска вечер е традиционална на фестивалот „Охридско лето“. Повеќе години фестивалот соработува со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, и Сосиете Женерал Груп – Охридска Банка со чијашто поддршка на „Охридско Лето“ веќе седум години се реализира Француска вечер во рамките на фестивалот кога гостуваат познати француски уметници и ансамбли. Се уште е во сеќавањето на фестивалската публика настапот на Ришар Галиано со Њу Тангариа Квартет од минатата година. Вечерва повторно ќе го слушнеме звукот на пијаното, односно на ансамблот на двајца исклучителни француски музичари Уго Леклер и Елен Котино-Коен со делата за четирирачно пијано. Ќе уживаме во неколку најзначајни дела во историјата на уметничката музика меѓу кои – „Посветувањето на пролетта“ од Игор Стравински. Ќе имаме ретка можност оваа грандиозна композиција да ја чуеме во верзијата за четверорачно пијано “ – рече музичкиот селектор на „Охридско лето“ , Гортдана Јосифова –Неделковска.

Амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер, задволна од организацијата на овој настан на фестовалот Охридско лето“, рече дека огромно задоволство и причинува што токму вечерта на која настапуваат француски уметници е веќе традиционален анстан и незаборавно доживување за фестивалската публика.

franciska_naslovna

Француската вечер е традиционална на фестивалот „Охридско лето“. Повеќе години фестивалот соработува со Француската амбасада и благодарение на тоа се реализира овој настан каде гостуваат познати француски уметници и ансамбли“ -истакна амбасадорката на Франција во Македонија, нејзината екселенција Лоренс Оер.

Охридска банка Societe Generale Group е поддржувач на вистинските вредности кои се од интерес на целата заедница. Благодарение на ваквите заложби на секое фестивалско издание Француската вечер претставува посебно интересен настан, секогаш со учество на врвни уметнички имиња.

Особена чест ми е и задоволство да ви посакам добредојде на годинешното издание на Француската вечер на 54 от по ред фестивал „Охридско лето“. А приказната за оваа свечена вечер се создаде благодарение на традиционалната соработка на Охридска банка, фестивалот „Охридско лето“ и Француската амбасада, вечерва по 7-ми пат. Сосиете Женерал ги опслужува своите клиенти и стопанството 150 години.Банката е истовремено верен и посветен покровител на културата поддржувајќи ги уметниците, создавајќи значајни односи помеѓу ѕвездите и публиката“– нагласи Јитка Пантучкова, претседател на Управниот одбор на Охридска банка.

И двајцата пијанисти кои ја донесоа Француската вечер на „Охридско лето“, изградиле многу успешна кариера, настапувајќи во повеќе земји во светот. Уго Леклер одржал концерти во некои од најпрестижните сали во Европа, Америка и Азија, а соработувал и со голем број реномирани оркестри и диригенти. Покрај тоа, Леклер како голем поддржувач на современата музика, често соработува и со голем број композитори во текот на создавањето на нивните дела. Сепак, современата музика не е единственото поле на интерес на овој пијанист. Тој е истовремено и голем почитувач на Моцарт, Бетовен и Хајдн, па затоа започнал да го истражува звукот на класичните инструменти. Поседува инструмент „Стеин“ кој идеално одговара на делата што се пишувале во доцниот осумнаесетти век. Леклер, речиси, 20 години работи како уметнички директор на Интернационалниот фестивал „Нансифони“ (Nancyphonies).

francuska vecer2