Вонреден министерски состанок на ЕУ за состојбите во Ирак и Украина

Министрите за надворешни работи од земјите членки на Европската унија денес во Брисел ќе одржат вонреден состанок во врска со состојбите во Ирак и Украина.

Франција и Италија биле иницијатори за ваквиот состанок на кој ќе се расправа за актуелните кризи, со акцент на Ирак и Украина.