Во BMW откриени специјални бункери со траги од дрога

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи во патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во внатрешниот дел на бандажите пронајде специјално направени бункери со траги од дрога.

На 14.08.2014 година околу 13:00 часот, при вршење на контрола на патниот правец Крива Паланка – Куманово во близина на селото Страцин, сопрено е патничко моторно возило марка BMW- 320D со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин.

Поради сомнителното однесување на возачот, царинските инспектори одлучиле да се изврши детален преглед и претрес на возилото и возачот, по што возилото е пренесено на терминалот во ЦИ Тетово. При прегледот е употребено и царинско куче. Притоа, во сите четири погонски бандажи се пронајдени специјално направени бункери во кои е пронајдена непозната прашкаста материја со кафеава боја икарактеристичен мирис со тежина од околу 2 грама. При тестирање со тестер NIK добиен е позитивен резултат на присуство на кафеав хероин.

IMG-1408025282180-V

Целокупниот предмет е предаден на Одделението за истраги при Царинска управа, за понатамошна постапка. Против возачот е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на дрога. Истиот ден, бидејќи станува збор за странец, како и тоа дека обвинетиот го признал делото, Основниот суд од Тетово донесе пресуда со која обвинетиот е огласен за виновен и е казнет со условна казна затвор во траење од 6 месеци во рок од 2 години. Освен тоа, возилото е конфискувано, а обвинетиот е протеран од државата во времетраење од 2 години.

20140814_171816