Во Монтреал заврши првата меѓународна конференција на која расправаа околу илјада метеоролози на тема: „Временска прогноза, каква ни е иднината?“.
Во првата деценија од овој век, просечната температура на Земјината површина пораснала за 0,47 ºС. Зголемување од 1% доведува до 7% поголемо испарување на вода во атмосферата, а со тоа метеоролошките прилики почесто се менуваат.
Научниците сметаат дека просечната температура на Земјата до 2050 година ќе порасне за 2%.
Според Сајмон Ванг од Универзитетот во Јута, облаците ќе се менуваат побрзо и полесно, што ќе предизвикува се посилни дождови кои ќе доведат до поголеми изненадни поплави. Исто така, ќе има периоди на екстремно заладување и екстремни горештини и суши.
Метеоролозите истакнуваат дека нивните прогнози ќе бидат неопходни за воздушниот сообраќај поради се почести неочекувани турбуленции, како и за поморскиот сообраќај, бидејќи во океаните се очекуваат џиновски бранови високи дури до 40 метри.
Според нив, тоа е само почеток на климатските промени, бидејќи океаните имаат огромно влијание во ослободувањето на вишокот на топлина и испарување, а не треба да се заборави и топењето на вечниот мраз на Гренланд.