Околу 13 милиони денари беа вложени во реконструкција на Средно општинско училиште „Ибрахим Темо“ во Струга, кое денеска го посетија Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.
Со оваа инвестиција беа обновени подовите, прозорците и надворешната фасада на училиштето.
Според министерот Адеми, оваа инвестиција е придонес за поквалитетно образование, подобри услови за учениците и за наставниците.
Тој истакна дека ова нема да биде последен проект за училиштето „Ибрахим Темо“ и за Струга, туку ќе продолжат и следната година со цел да се создадат подобри услови за учениците.
„Посочени беа неколку потреби за ова училиште и се надевам дека следната година и тоа ќе го исполниме“ – изјави министерот Адеми.