Прием во АМС на автомобилистот Игор Стефановски-Иџе

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за автомобилистот Игор Стефановски-Иџе.

Директорот Спасески истакна дека врвните резултати кои се бележат, а особено освоените медали на големите натпреварувања, претставуваат позитивен пример за сегашните и идни млади генерации во државата.

„Oва што го говорам, со посветена работа и упорност, успеа да го потврди, нашиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе, кој успеа со златни букви, покрај неговото име, да го испише и името на Република Македонија во автомобилстичка Европа.“– истакна Спасески.

Спасески додаде дека со остварениот успех, после завршувањето на Европското првенство на ридски патеки и доставувањето на официјалните резултатите до Агенцијата за млади и спорт, автомобилистот Стефановски според Правилникот за категоризација на спортистите, ќе се стекне со стипендија од светска категорија, односно во наредните четири години секој месец ќе прима стипендија во износ од две просечни плати 42 илјади денари или околу 700 евра.

Исто така, по завршувањето на спортската кариера, ќе се стекне и со Национално спортско признание популарно наречено Спортска Пензија – заврши во својот говор Спасески.

Игор Стефановски-Иџе се заблагодари за приемот во Агенцијата за млади и спорт и истакна дека овој успех претставува успех и за Македонија и за автомобилистичкиот спорт. Исто така Стефановски додаде дека нема да застане овде.

„Од идната година ќе стартувам со уште појако темпо за да го одбранам првото место во мојата категорија бидејќи ќе претставуваме фаворити и за мене ќе претставува уште поголем мотив бидејќи секаде ќе биде истакнато Македонското знаме и името на Република Македонија.“ -заврши Стефановски.