Разговараат ловец и рибар:
Ловецот: Одам вчера на лов, само што се искачив на ридот над селото, кога оп, скокна еден зајак. Додека ставив куршуми и нанишанив – зајакот ми кидна, а беше тежок точно 9 кила и 200 грама!
Рибарот: Не е тоа ништо! Си фаќам јас риби така, кога одеднаш нешто почна да трга… Влечам јас влечам… кога извлеков што ќе видам, фенер и тоа запален!
Ловецот: Уф, е сега претера!
Рибарот: Ајде сега ти намали го зајакот, па јас ќе го згаснам фенерот!!!