Виц

Еден моторист лета со 100-ка и удира една птица… Застанува и се враќа да провери дали птицата е жива… Гледа дека птицата е во несвест, па ја зема и ја носи дома… Ја става во кафез, и дава леб и вода, и излегува.

Птицата се буди, гледа леб… вода… решетки… и си вели:

– Изгледа го убив мотористот!