Секторот за внатрешни работи – Струмица, преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, со почетокот на новата учебна година, отпочнува со реализација на проектната активност „Безбедно од домот до училиштето“.
Со проектот ќе бидат опфатени првачињата и сите учесници во сообрааќајот со цел да се подигне нивото на безбедност, да се зголеми почитувањето на сообраќајните занаци, правила и прописи а со тоа да се намалат последиците од загрозувањето на децата во сообраќајот на пат од нивните домови до училиштето и обратно.
За таа цел планирани се засилени мерки и активности од страна на полициските службеници кои ќе го контролираат сообраќајот во близина на основните училишта континуирано во текот на месец септември, особено кога учениците одат на училиште како и по завршувањето на училишните часови.
Од страна на полициските службеници на возачите ќе им бидат поделени летоци со превентивни совети. Во рамките на проектот, во текот на месецот ќе се одржат и едукативни предавања во сите основни училишта наменети за првачињата.