Две лица загинаа во Еклериџ во областа Кембрија, северозападна Англија кога експлодирале пиротехнички средства за време на свадбената свеченост.
Експлозијата предизвикала паника кај околу 70 гости на свадбата, а пожарникарите кои за брзо време пристигнале на местото на несреќата пронашле две тела, маж и жена, кои најверојатно биле техничари за пиротехнички средства.