Македонија е на 63. место на листата на конкурентноста во најновиот извештај на Светскиот економски форум искачувајќи се за 10 места во однос на претходната година кога беше рангирана на 73. позиција. Од земјите во регионот Црна Гора е на 67. место, Словенија на 70. место, Хрватска на 77., Грција 81., Србија 94. и Албанија на 97. место.
Според извештајот на Светскиот економнски форум за 2014-2015 , индексот на конкурентност на Македонија изнесува 4,26 на скалата од 1 до 7.
Според извештајот, најконкурентна од 144. рангирани земји во светот е Швајцарија, по неа се Сингапур, САД, Финска, Германија, Јапонија, Хонг Конг, Холандија, Велика Британија и Шведска.