Соединетите Американски Држави стравуваат од нови терористички напади, односно можност за повторување на сценариото од 2001 година на 11-ти септември.
Минатиот месец во Либија исчезнаа 11 авиони од аеродромот во Триполи, кои завршија во рацете на исламските милитанти.
Американската влада веќе 2 недели предупредува за влошувањето на ситуацијата во Либија и дека тие авиони би можеле да бидат употребени за терористички напади со кои би се одбележала годишнината од нападите на 11-ти септември 2001 година.