По налог на Секторот за Комунален развој сообраќај и улици при Општина Охрид, вчера ЈП „Градски гробишта“ започна со поплочување на двата тротоари на улицата „Пере Тошев“ во непосредна близина на детската градинка „Росица“ во населбата Лескајца.
Поплочувањето е на површина од 300 метри квадратни а во акцијата е предвидено и поставување на парковски ивичници и островца околу уличните дрва.
Акцијата на поплочување на предвидената површина на двата тротоари се очекува да заврши идната недела, со можност веднаш после тоа доколку наложи Секторот за комунален развој сообраќај и улици истата да продолжи по останатата површина од тротоарите.