Претседателот Иванов го посети студиото за анимација и продукција на визуелни ефекти Fx3x

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов го посети студиото за анимација и продукција на визуелни ефекти за играни филмови и рекламни спотови Fx3x. Македонскиот претседател присуствуваше на снимањето на филмот чијшто работен наслов е „Чекајќи ги парите”, филм којшто се очекува да биде завршен за 7-8 месеци, и да биде прикажан пред домашната публика, како и во странство.

Претседателот Иванов проследи една од сцените за време на снимањето на филмот и посака успех на целата екипа.

Актерската екипа ја сочинуваат Ана Стојановска, Сенко Велинов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Игор Стојчев, Горазд Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Вељановски и Илбер Муртези.

За снимањето на филмот се задолжени СД-Продукција и ДМФ, директор на фотографија е Дејан Димески, а продуценти се Дејан Илиев и Слободан Деспотовски кој воедно е и режисер на филмот.