Салонот за мебел Гир-Риг деновиве полни 20 години од основањето, во кои успешно опстојува на пазарот во Охрид, а последниве години и во Битола и Кичево.
Компанијата Гир-Риг е основана во 1994 година и започна со работа во салон од само 80 м2, за во 2004 година да се префрли во сопствени простории на преку 2500м2. Во 2009 година го отворивме и салонот во Битола кој за само две години беше прогласен за најпопуларен салон за мебел на територијата на Битола каде што компанијата денес поседува сопствен модерен салон на преку 500м2.
„Со гордост можеме да кажеме и дека пред неколку месеци отворивме нов салон во Кичево на 1000 м2 и сето тоа за да им излеземе во пресрет на купувачите.
Нашата цел се задоволни потрошувачи и можам слободно да кажам дека клучот на успехот лежи во целосниот квалитет, а под тоа се подразбираат на прво место квалитетот и пристапноста на производите кои ги нудиме како и квалитетот на услугата и почитта кон купувачите, затоа ние постојано вложуваме во усовршување на персоналот за да можеме целосно да одговориме на нивните потребите и желбите.
Задоволство е поголемо со самото тоа што купувачите не препознаваат како компанија на која и веруваат и своите домови и деловни простории ги опремуваат токму со производи од широкиот асортиман врвен мебел кој го нудиме како од домашни така и од странски производители. како што се Алмак, 11ти септември, Струма мебел, Нетам, како и светски познатите Матис, Јела и Форма Идеале. Она по што се издвојуваме од другите се квалитетот и цените кои секогаш се трудиме да се реални како и поволните услови за плаќање преку кои успеваме да одговориме на потребите на купувачите за удобен, современ дом и деловни простории.“- велат од „Гир-Риг“.
Овој 20-ти роденден ќе се одбележи свечено, но и во знакот на грижата за купувачите на „Гир-Риг“ и сограѓаните воопшто.
„Ќе прославиме заедно во опуштена атмосфера во нашиот салон во Охрид каде , како што можете да видите, организиравме дружење со скара и пијалок за да наздравиме за јублејот- полни 20 години работа. Исто така донесовме одлука да дадеме помош во рамките на нашите можности за нашиот сограѓанин кој треба да се оперира во Пекинг во рамките на акцијата Заедно за еден детски живот.“ -додаваат оттаму.