СВР Скопје-Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде Ф.А. (16) од с. Кондово, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Тешка телесна повреда“, при што се повредени две малолетни лица од с. Кондово. За стореното кривично дело казниво по член 131 од КЗ, од страна на Судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.
Пријавениот малолетник е регистриран насилник, кој во временскиот период од 2012 do 2014 e кривично пријавен за “учество во тепачка“ и “насилство“, а во истиот период е и четири пати прекршочно пријавен за физички напад. Овој пат на 08. овој месец околу 21,30 часот во с. Кондово, прво физички нападнал двајца малолетници, а потоа со нож им нанел повеќе убодни рани.
На кривично правниот настан претходело, одбивањето на двајцата нападнати малолетници да му бидат другари, што според репутацијата на Ф.А., подразбирало да учествуваат или да извршуваат кривични дела. Притоа пријавениот, на посочениот датум околу 20,30 часот во угостителски објект во Ѓорче Петров им пришол на двејцата малолетници и им кажал дека ќе ги чека да разговараат во с. Кондово, во близина на објектот на старата општина, место кое е напуштено и неосветлено. По кусо време, двајцата малолетници со возило управувано од нивен пријател се упатиле од нас. Ѓорче Петров кон с. Кондово, со намера да си одат дома, но пред домот на едниот, Ф.А. со мотор, за кој не поседува дозвола, им го пресекол патот и почнал вербална расправија со нив, која прераснала во тепачка, во која пријавениот употребил нож, нанесувајќи им повеќе убодни рани на двајцата малолетници.
Двајцата малолетници од страна на нивните родители се пренесени во ГОБ „8-МИ Септември“, каде на двајцата им се констатирани тешки телесни повреди (повреди со нож, убодни рани по главата и телото), двајацата се задржани на понатамошно лекување, а на едниот од нив му е извршена и хируршка интервенција.
Наредниот ден Ф.А. е пронајден и лишен од слобода од страна на полициски службеници на Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА и е предаден во полициска станица за понатамошна постапка.