За првпат во историјата на Република Македонија се воведува можноста за паралелен увоз на инсулини. Граѓаните добиваат инсулини од трите најдобри врвни компании за производство на инсулин во светот, oва го истакна министерот Тодоров при гостувањето во Дневникот на МРТ.
„Се пуштија некои тези дека наводно критериумите се така направени да се во фунција на еден или друг добавувач. Напротив, критериумите се така направени за да првпат може да се јават многу повеќе фирми на тендерот него што се јавувале порано. Тоа е она што смета. За првпат, можат да се јават фирми и од Македонија и од странство, затоа што за првпат во историјата на Македонија се воведува можноста за паралелен увоз на инсулини , односно на истите инсулини кои досега се користеле“, рече Тодоров.
Како што нагласи министерот, практично преку 80 отсто од граѓаните добиваат инсулини од трите најдобри врвни компании за производство на инсулин во светот.