Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот за еден денар, вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за еден денар и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77 денари за литар. Цената на литар ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се точи за 65,50 денари по литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 09.09.2014 година и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 денари по литар
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,317 ден/кг, и сега ќе изнесува 38,843 ден/кг.