Календарски денес започнува есента во Македонија и на целата северна хемисфера. Новото годишно време ќе започне точно во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Денот ќе трае 12 часа и седум минути.
Според метеоролозите, со стартот на есента нè очекуваат и вистински есенски температури, се очекува значително заладување на времето и пад на температурите за 10-тина степени.
Во текот денешниот ден ќе има значително заладување со засилен северен ветер, а во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, велат од УХМР.
Есента ќе трае до 22 декември во 00 часот и три минути кога календарски ќе почне зимата.