Нестабилното време кое во изминативе два дена го зафати охридскиот крај, проследено со силен југозападен ветер им донесе полни раце работа на екиите на „Јавна хигиена“.
Големите бранови по охридскиот кеј исфрлија големи количини комунален отпад и реса, а бехатон подлогата по кејот се прекри со слој од ситен песок кој се расчистува рачно, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
„Од тие причини вработените од „Јавна хигиена“ се вонредно ангажирани околу расчистување на кејот. Во текот на вчерашниот ден се работеше до 20.00 часот, а денес продолживме од раните утрински часови и до овој момент се подигнати 20 м3 разновиден отпад.“– велат од претпријатието.