Запленети 13 милиони фалсификувани евра во Романија

Романската полиција заплени рекордна количина на фалсификувани банкноти во вредност од 13 милиони евра.

Во 15 полициски акции, откриени се фалсификуваните пари како и опремата за нивно печатење. Оваа криминална група била специјализирана за фалсификување и пуштање во промет на банкноти од 20, 50 и 100 евра.

Кривични пријави заработија четири лица од Италија и едно лице од Романија.

Оваа операција која ја извршија романските полицајци во соработка со италијански полицајци, следуваше по запленувањето на 17 милиони евра пред неколку денови во близина на Неапол, Италија.