Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска, започна со градежни активности – изградба и санација на пешачката патека. Патеката се протега долж Јавната здравствена установа „Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања“ и целосно ќе биде поплочена со бехатон плочки и оградена со ивичници.
Со изградбата на оваа патека значително ќе се подобри безбедноста на пешаците и безбедноста на возилата за Итна медицинска помош кои секојдневно го минуваат тој пат.