Јапонските власти затворија 101 основно училише во Хамаматсу, Јапонија, откако се јавил човек кој тврдел дека поставил бомба во училиште.
Над 40 илјади ученици беа вратени во своите домови, бидејќи човекот не кажал точно за кое училиште станува збор. Подоцна полицијата ги проверила сите училишта, при што е констатирано дека најверојатно станува збор за лажна дојава.