Поранешниот норвешки премиер и лидер на Лабуристичката партија на Норвешка, Јенс Столтенберг, е назначен за 13 генерален секретар на НАТО, како наследник на Андерс Фог Расмусен.
Како топ приоритети на идниот прв човек на Северноатланската алијанса се наведуваат политички и воено силно НАТО, стабилно соседство и силна врска меѓу Европа и Северна Америка.
Столтенберг истакна дека најголемата воено-политичка организација ќе продолжи да ги почитува своите принципи на кои почива безбедноста и заедно со своите партнери посветено ќе работи за стабилност во светот.