Некоја баба си живеела на село и си чувала 2000 овци. Еден ден дошла една новинарка да направи репортажа, па ја прашува бабата:
– Кажете ми, како успевате сами да чувате 2000 овци?
– Па јас тоа го работам цел живот, едноставно навикнав!
– Колку тежи една овца?
– Црна или бела?
– Па еве да речиме бела!
– 20 кила!
– А црна?
– Исто!
– Добро, а колку млеко дава една овца?
– Црна или бела?
– Па да речиме бела!
– 2 литри!
– А црна?
– Исто!
– Добро, колку волна излегува од една овца?
– Црна или бела?
– Еве да речиме црна!
– 3 кила!
– А бела?
– Исто!
– А добро, да ве прашам, која е разликата помеѓу црните и белите овци?
– Па, белите се мои!
– А црните?
– Исто!