Во рамки на своите активности од здравствено-=ревентивна дејност, а по повод Светскиот ден на борба против остеопорозата, 20 Октомври, Црвен крст Охрид организира предавање на тема ОСТЕОПОРОЗАТА – ЗНАЧАЕН ПРОБЛЕМ ВО СТОМАТОЛОГИЈАТА.
Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест е намалувањето на нивото на естрогените хормони, кај жените, односно тестостеронот кај мажите. Според статистиката во Македонија, секоја трета жена и секој петти маж имаат остеопороза.
Освен за остеопорозата како заболување, на ова предавање ќе се говори и за значењето на витамините и минералите врз здравјето, ќе бидат назначени совети за превенција, третман и нашините како до поздрави коски. Посебен акцент ќе се стави на проблемите кои се јавуваат во устата како последица од ова заболување.
Предавањето ќе го одржи Д-р Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог, во просториите на Црвен крст Охрид, на 20.10.2014 г. (понеделник) во 17:00 ч.