Поевтинуваат горивата

Од ноќеска на полноќ, поевтинуваат малопродажните цени на горивата и тоа за 1,5 до 3 денари за литар. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,41 односно 3,97 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3 денари по литар и сега ќе чини 74 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 2,5 денари и ќе се продава за 76 денари за литар. Цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,5 денари и ќе чини 63 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2 денари и ќе се продава за 51,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 2,86 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе чини 35,892 денари за килограм.