Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски, по повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до сите граѓани.
„23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, Ден на создавањето на Внатрешна македонската револуционерна организација преставува симбол на македонската истрајност за создавање на своја независна и слободна држава.
Во Солун на 23 октомври 1893 година се роди идејата за формирање на Внатрешна Македонска револуционерна организација на чија идеја за Независна слободна држава Македонија сите ние сме наследници а таа наша должност треба да ја пренесеме на идните поколенија исто онака како што ја наследивме од нашите претци. Низ различни историски премрежја преку Илинден 1903, Крушевската Република, државотворниот АСНОМ се оствари она што се замисли од шестмина дејци во Солун 1893 и ја покажа македонската желба и борба за своја држава!
Овој датум длабоко е врежан во сите нас и не потсетува на истрајноста за зачувување на идеалите за македонската државност низ изминативе години. Датум кој ќе ГО ПРАЗНУВАМЕ ВЕЧНО!
Честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!“- стои во честитката.