Вчера во 19.45 часот во Струга на ул.„Ристо Крле“, Н.М.(70) од с.Мислодежда заѕвонил на вратата, каде му отворил А.Н.(39), при што Н.М. веднаш му вперил пиштол „Црвена Застава М-57“ кал.7.62 мм, кој го поседувал со дозвола, го турнал внатре и низ собите почнал да ја бара Ѓ.П.Н., која живее во истиот стан. Притоа се заканувал дека ќе ги убие ако не му врати 500 евра кои му биле украдени од станот. Откако се уверил дека истата не е во станот, се заканил дека кога ќе ја види ќе ја убие и го напуштил лице местото. Од страна на полициски службеник од ПС-Струга Н.М. е пронајден, лишен од слобода и по целосно расчистување против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.