Денот на Обединетите нации ја одбележува годишнината од 1945 година, од стапувањето на сила на Повелбата на ОН. Обединетите нации официјално се формирани со ратификацијата на овој основачки документ од страна на поголемиот дел од неговите потписници, вклучувајќи ги и петте постојани членки на Советот за безбедност.
24 Октомври се прославува како Ден на Обединетите нации од 1948 година. Во 1971 година, Генералното собрание на Обединетите нации препорача Денот да се почитува како државен празник од страна на земјите-членки.
„Обединетите нации се потребни повеќе од кога било во ова време на повеќе кризи. Во овој критичен момент, дозволете да ја реафирмираме нашата заложба за зајакнување на маргинализираните и ранливите. На Денот на Обединетите нации, ги повикувам Владите и поединците да работат заедно за општо добро на сите“. – истакна генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
WebOhrid