Русија од денес преминува само на зимско сметање на времето, откако три години по ред важеше само летното сметање на времето.
Рускиот претседател Владимир Путин во јули потпиша декрет со кој се врати зимското сметање на времето, кое ќе остане преку целата година.
Одлучено е Русија да ги врати и 11-те часовни зони, откако во 2011-та година тогашниот претседател Медведев ги намали од 11 на 9 часовни зони. Исто така, Медведев тогаш одлучи дека земјата треба постојано да има летно сметање на времето, што важеше до оваа година.